свет

Снимки од дрон ги прикажуваат катастрофалните поплави во Бихар, Индија

- Снимките од воздух направени со дрон го покажуваат обемот на катастрофата што го зафати подрачјето на Бихар, при што од поплавите се зафатени десетици села и им се закануваат на многу други во регионот.

Oktaj Omeragikj  | 15.08.2025 - Обновена : 15.08.2025
Снимки од дрон ги прикажуваат катастрофалните поплави во Бихар, Индија

БИХАР (АА) - Катастрофални поплави ја зафатија источната индиска држава Бихар, при што реките Ганг, Сонпур и Гандак се излеаја од своите корита, поплавувајќи огромни области и ставајќи ги во опасност голем број населби, известува Анадолу.

Снимките од воздух направени со дрон го покажуваат обемот на катастрофата што го зафати подрачјето на Бихар, при што од поплавите се зафатени десетици села и им се закануваат на многу други во регионот.

Во округот Бхагалпур, водите на реката Ганг ги поплавија селата Чаукханди и Паршурампур каде нивото на водата на патиштата достигнало 30 до 60 сантиметри.

Ситуацијата се влошува поради континуираните врнежи од дожд и високите речни текови.

Локалните власти предупредуваат дека бројот на погодени подрачја би можел да се зголеми, а спасувачките екипи на теренот се обидуваат да им помогнат на загрозените жители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın