Nour Mahd Ali Abu Aisha,Afra Aksoy
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ГАЗА (АА) - Во Газа се одржаа протести поради неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците носеа транспаренти и извикуваа слогани против американската одлука. На протестите беше и еден од водечките луѓе на организацијата „Ислами Џихад“, Халид ел-Бата, кој за АА рече дека е потребно одредено масовно движење со цел да се стави крај на политиката што САД и Израел ја спроведуваат во однос на Ерусалим.
Потребата од продолжување на протестите ја истакнува и еден од водечките луѓе на Хамас, Исмаил Ридван. Тој ги повика арапските и муслиманските земји да протестираат на сите полиња кога станува збор за САД и Израел.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември официјално го призна Ерусалим за главен град на Израел, започнаа да се одржуваат протести во различни делови на Западниот Брег и Појасот Газа. Израел го окупираше Источен Ерусалим на 5 јуни 1967 година.
Израел во 1980 година еднострано го прогласи Ерусалим за главен град, а Обединетите нации (ОН) оваа одлука ја прогласија за неважечка.