Ekip
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Газа утре ќе подигне нова флотила бродови со цел прекинување на 12-годишната израелска блокада на палестинската територија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова патување ќе донесе соништа и надеж на палестинскиот народ кој сака слобода“, изјави Салах Абдул-Ати, член на палестинскиот комитет задолжен за пробивање на опсадата на прес-коференцијата во Газа во неделата.
Тој рече дека првиот брод ќе исплови во вторник наутро. Бродот ќе превезува голем број повредени лица од Газа, меѓутоа не ја прецизираше првата станица на бродот.
Според зборовите на Абдул-Ати, израелските сили два пати ги нападнале бродовите и чамците кои се обидувале да ја прекинат израелската опсада во Газа изминатите две недели.
Тој ја повика меѓународната заедница да изврши притисок на Израел да ја отстрани блокадата во Појасот Газа. Исто така, ги повика меѓународните невладини организации да дадат заштита на одбранбените бродови на флотилата.
Во вторник бродот од Газа ќе исплови на денот кога се одбележува осмата годишнина од израелскиот напад на турската флотила „Мави Мармара“. Во нападот загинаа девет турски активисти, кога израелската морнарица го нападна бродот во меѓународни води. Десеттиот активист почина речиси четири години подоцна од повредите здобиени за време на нападот.
Овој инцидент предизвика политичка криза меѓу Турција и Израел. Кризата заврши кога Израел се согласи да ги исполни турските услови, а тие вклучуваа извинување и надомест на семејствата на жртвите.
Газа е дом на речиси два милиони Палестинци и е под блокада на Израел од 2006 година, кога палестинската група Хамас победи на изборите и ја презеде власта.