Mehmet Yılmaz
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ВАРШАВА (АА) - Се тврди дека Полска им понудила 2 милијарди долари на САД за воспоставување постојана воена база, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата што ја објави полската информативна интернет-страница „Онет“, полското Министерството за одбрана, пред Самитот на НАТО во Брисел што ќе се одржи идниот месец, на Вашингтон му понудило 1,5-2 милијарди долари за воспоставување постојана воена база во Полска.
Во веста се тврди дека полското Министерство за одбрана подготвило предлог под наслов „Предлог за постојана воена база на САД во Полска“, во кој се вели дека има потреба од постоење на американска оклопна дивизија на територијата на Полска.
Покрај тоа, во веста се наведува дека поради кризата меѓу Полска, Русија и Украина, постои изразена загриженост за безбедноста на земјата.
Полска во март годинава со САД потпиша договор во висина од 4 милијарди и 750 милиони долари за набавка на системот „Патриот“ за воздушна и ракетна одбрана.