свет

Газа: Во израелски воздушни напади уништен детскиот културен центар во Кан Јунис

- Зградата, која беше цел на израелската Армија, со години беше дом на уметнички, културни и образовни проекти наменети за децата во регионот

Aida Cako  | 07.11.2025 - Обновена : 07.11.2025
Газа: Во израелски воздушни напади уништен детскиот културен центар во Кан Јунис Abdallah F.s. Alattar/AA

СКОПЈЕ (АА) – Во израелските воздушни напади е уништен објектот на Здружението за култура и слободна мисла во градот Кан Јунис, на јужниот на Појасот Газа – центар кој со години служеше како место за едукативни и социјални активности за децата, јавува Анадолу.

Зградата, која беше цел на израелската Армија, со години беше дом на уметнички, културни и образовни проекти наменети за децата во регионот.

Пред почетокот на војната, Здружението обезбедуваше образовна поддршка, психосоцијална рехабилитација и уметнички програми за илјадници деца, што го правеше едно од водечките граѓански организации во Газа.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас беше постигнат на почетокот на октомври, врз основа на планот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Првата фаза предвидуваше ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници, а планот исто така опфаќа обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.

Од октомври 2023 година досега, израелските напади усмртија речиси 69.000 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца, претворајќи го Појасот Газа во место речиси невозможно за живеење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.