Ekip
04 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
АНКАРА
Земјите од Г20 повикаа на поголема соработка меѓу земјите за да се надмине влијанието од пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
На вонредниот состанок кој вчера беше одржан онлајн, министрите за надворешни работи на Г20 и претставниците на меѓународните организации дискутираа за важноста на координирање на мерките на претпазливост при прекуграничното управување за заштита на животите и егзистенцијата.
Исто така беше упатен повик за промовирање на мерките за да ѝ се дозволи на економијата да напредува со воведените заштитни мерки за коронавирусот.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неговото обраќање ги повика земјите на Г20 да преземат конкретна акција за борба против пандемијата на Ковид-19.
Со состанокот на Г20 претседаваше министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фаисал бин Фархан ал Сауд, кој повика на повторно отворање на границите во согласност со сите заштитни мерки и националните прописи.
Членките на Г20 сочинуваат околу 80 отсто од светската економија со нејзините членки САД, ЕУ, Русија, Турција, Саудиска Арабија, Бразил, Индија и Кина.