Mücahit Oktay
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.100 лица во САД, со што вкупниот број на починати во оваа земја се искачи на 191.114, известува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е земја со најголем број на смртни случаи и заразени со Ковид-19 во светот.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, во последните 24 часа во САД детектирани се 44.362 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 6.336.138 од почетокот на пандемијата.
Последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со коронавирус во САД животот го загубија 1.100, вкупно 191.114 од почетокот на паднемијата.
Во САД оздравеа 3.575.000 лица претходно заразени со Ковид-19. Извршени се над 84.888.000 тестирања.