Barış Seçkin
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
РИМ
Вулканот Етна во Италија, еден од најактивните вулкани во земјата, повторно се активира, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите, се почувствувале серија силни експлозии во југоисточниот кратер на вулканот Етна, а била забележана и лава.
Италијанските медиуми наведуваат дека чадот од Етна бил видлив на широко подрачје, поради што во градот Катанија и неговата околина предизвикал дожд од пепел.
Густите облаци чад и пепел што настанаа како резултат на експлозиите во Етна доведоа до прекин на воздушниот сообраќај. На аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија прогласена е итна состојба, а сите летови се прекинати.
Забележано е дека пепелта и чадот од експлозиите во југоисточниот кратер на планината достигнале височина од еден километар , што претставува ризик за безбедното одвивање на воздушниот сообраќај.
Последната вулканска активност на Етна е забележана минатиот месец.