свет

Врховниот суд на Мјанмар ја отфрли жалбата на осудените новинари на „Ројтерс“

Ва Лоне (32) и Кјав Сое Оа (28) се осудени поради кршење на Законот за службени тајни, бидејќи го истражувале убиството на десетмина припадници на загрозеното муслиманско малцинство во Аракан

Ekipa  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Врховниот суд на Мјанмар ја отфрли жалбата на осудените новинари на „Ројтерс“

НАЈ ПЈИ ТАВ (AA) – Врховниот суд на Мјанмар денеска ја отфрли жалбата на двајцата новинари на „Ројтерс“ (Reuters), кои минатата година беа осудени на 7 години затвор поради кршење на Законот за службени тајни, бидејќи го истражувале убиството на десетмина припадници на загрозеното муслиманско малцинство Рохинџи во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).

„Врховниот суд ги потврди претходните пресуди на пониските судови“, изјави судијата Сое Наинг.

Ва Лоне (32) и Кјав Сое Оа (28) се уапсени на 12 декември 2017 година во главниот град Јангон. Судот во Мјанмар во септември минатата година ги осуди на затворски казни во траење од 7 години поради нивната истрага за убиствата на муслиманите Рохинџа, кои ги извршија припадниците на мјанмарските безбедносни сили во Аракан.

Ва Лоне (32) и Кјав Сое Оа (28) се осудени поради кршење на Законот за службени тајни, бидејќи го истражувале убиството на десетмина припадници на загрозеното муслиманско малцинство во Аракан.

Судијата во Јангон, Је Лвин, тогаш изјави дека новинарите се осудени, бидејќи се виновни за собирање на тајни државни документи и можен трансфер на тие документи во групите кои се борат против Владата на Мјанмар.

Адвокатот на одбраната, Кин Маунг Зав, за АА изјави дека е разочаран со пресудата на Врховниот суд, но дека неговите штитеници имаат право на покренување нова жалбена постапка. Тој додаде дека неговите штитеници пред пресудата на Врховниот суд рекле дека не сакаат да ја продолжат правната борба.

„Едноставно изгубија вера во правниот систем. Меѓутоа, не губиме надеж, постојат уште неколку излези, вклучувајќи го помилувањето од страна на претседателот“, изјави Кин.

Чит Су Вин, сопругата на Кјав Сое Оа, за АА изјави дека воопшто не знае зошто нејзиниот сопруг бил осуден.

„Би требало да бидат наградени за својата работа, а не да ги ставаат зад решетки“, изјави Чит.

Новинарот Ва Лоне, по пресудата во септември минатата година, изјави дека пресудата е неправедна, бидејќи како новинари ја вршеле својата работа и истражувале незаконски убиства на цивилите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın