Adel Abdelrheem Humaida Elfadol,Gülşen Topçu
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
КАРТУМ (АА) – Воениот совет за транзиција на Судан соопшти дека ќе продолжи да контактира со сите страни за да се постигне политички компромис во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Советот, Шемседин ел Кебаши, на прес-конференцијата истакна дека за одржување на стабилноста, за спречување на корупцијата и за решавање на кризата во земјата, вклучувајќи ги и Силите за декларација на слобода и промени, ќе комуницираат со сите политички сили, невладини организации и со лицата од муслиманското и христијанското свештенство.
Во однос на прекинот на преговорите помеѓу Силите за декларација на слобода и промени и Воениот совет за транзиција на Судан, рече дека контактираат со сите страни за да се решат разликите, да се постигне договор во периодот на транзиција, да се избере премиер и да се формира владата.
Силите за декларација на слобода и промени која ја сочинуваат опозицијата на Судан, вчера изјавија дека ги прекинуваат преговорите со Воениот совет за транзиција на Судан и за четврток повикаа на протести на кои ќе учествуваат милион лица и ќе бидат соопштени членовите на Цивилниот претседателски совет.