свет

Вооружени лица убија 50 цивили на истокот на Буркина Фасо

- Нападот е извршен од непознати вооружени мажи во близина на мостот Сингоу, според соопштението на гувернерот на источниот регион, Хуберт Јамеого

Ekip  | 27.05.2022 - Обновена : 29.05.2022
Вооружени лица убија 50 цивили на истокот на Буркина Фасо Фото: Архива / АА

КИГАЛИ (АА) - Неидентификувани вооружени лица убија најмалку 50 цивили во градот Маџоари на истокот на Буркина Фасо, соопшти локален претставник, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Жителите на Маџоари во провинцијата Компиенга која граничи со Бенин се движеле кон Надиагу во градот Пама, бегајќи од насилство. Сепак, ги нападнале непознати вооружени мажи во близината на мостот Сингоу“, наведе во соопштението гувернерот на источниот регион, Хуберт Јамеого.

Изразувајќи сочувство до семејствата на починатите, Јамеого рече дека се во тек операции за да се воспостави мир. Додаде дека жителите на Маџоари се „под закана од тероризам“.

По последниот напад, бројот на жртви во тоа подрачје достигна речиси 80 лица во рок од само две недели.

Во нападот на цивили во истото подрачје на 14 мај загинаа 17, а ранети беа 7 лица. Во друг инцидент на 19 мај, во нападот на Воениот одред на Маџоари починаа 11 војници, а 20 се ранети.

Буркина Фасо се соочува со бунтови кои во текот на изминатата деценија се проширија од соседниот Мали.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.