Şeyma Uzundere
27 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Претставници на Владата на Јужна Кореја побараа Европската Унија (ЕУ) да ја преиспита забраната за пластика за еднократна употреба со образложение дека таа ги спречува јужнокорејските компании да пристапат на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Јонхап“, јужнокорејскиот министер за трговија, индустрија и енергетика, Ахн Дук-Геун, своето барање за ревизија на забраната го изнесе на средбата што ја одржа во главниот град Сеул со амбасадорката на ЕУ во Јужна Кореја, Марија Кастиљо Фернандез.
Министерот Дук-Геун наведе дека Регулативата за пластика за еднократна употреба, донесена од ЕУ во јуни 2021 година, покрај тоа што ја регулира употребата на пластика базирана на фосили, исто така ја ограничува употребата на еколошката биопластика.
Нагласувајќи дека регулативата ги спречува јужнокорејските компании кои користат биопластични производи да влезат на пазарот на ЕУ, министерот Дјук-Геун побара регулативата да се преиспита во консултација со релевантните компании.