Alaattin Doğru
01 Август 2023•Ажурирај: 03 Август 2023
АНКАРА (АА) - Вооружени лица ограбиле златарница во францускиот главен град Париз, пренесува Анадолу.
Според веста на францускиот телевизиски канал „БФМТВ“, врз основа на изјави на полициски извори, златарницата што се наоѓа во зона 2 во Париз во утринските часови била нападната од страна на крадци.
Сѐ уште не е откриена точната сума на украдениот накит за време на грабежот во чии рамки нема повредени од работниците.
Полицијата започна истрага во врска со овој случај.