Tufan Aktaş
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АДИС АБЕБА (АА) - Вооружени лица во покраината Оромија во Етиопија ограбија 18 банки, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението на покраинските власти се наведува дека меѓу ограбените банки е и Стопанската банка на Етиопија и други државни и приватни банки.
Се додава дека ограбени се вкупно 18 банки во регионот Велега и околните градови.
Се наведува дека ограбувачите притоа предизвикале значителна материјална штета и на другите објекти во близина на банките.
Во соопштението се додава дека ќе биде преземено сè за да се изведат ограбувачите пред лицето на правдата.