Sinan Doğan
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
АНКАРА
Во Градот Сан Феликс, сместен во подрачјето на Боливар, во северниот дел на Венецуела, дојде до вооружен напад на автобуска постојка. Во нападот животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на полицијата соопштија дека во градот Сан Феликс, неидентификувани лица, од камион во движење, отвориле оган врз луѓето што чекале на автобуска постојка.
Во соопштението се наведува дека 4 лица починале на самото место на настанот, додека 3 лица ги загубиле животите во болница.
Во овој вооружен напад ранети се голем број лица, меѓу кои се најдоа и една мајка со нејзиното двегодишно бебе. Започната е истрага во врска со случајот.