свет

Американски генерал се сретна со водач на терористичката организација ЈПГ/ПКК

Командантот Кенет Мекензи, од Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) во Сирија, се состана со Шахин Џило, водач на терористичката ЈПГ/ПКК

Levent Tok, Adham Kako  | 22.07.2019 - Обновена : 23.07.2019
Американски генерал се сретна со водач на терористичката организација ЈПГ/ПКК

АНКАРА (АА) – Во време кога американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри, доаѓа во Турција за преговори, командантот Кенет Мекензи од Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) во Сирија, се состана со Шахин Џило, водач на ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мустафа Бали, еден од таканаречените портпароли на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи името СДГ, преку Твитер соопшти дека генералот Мекензи, командант на Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM), и амбасадорот Вилијам Роубак, претставник на коалицијата против ДЕАШ предводена од САД, во Сирија ја посетиле областа окупирана од ЈПГ/ПКК. 

На споделените фотографии на Твитер се гледа дека американските официјални претставници се состанале со наводниот командант на СДГ, Џило.

Во јавноста привлече внимание тоа што американските претставници се среќаваат со водачите на терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија, неколку часа пред посетата на американскиот специјален претставник за Сирија, Џефри, на Турција.

Во писменото соопштение на американскиот Стејт департмент се истакнува дека Џефри во Анкара ќе разговара за последните случувања во Сирија и за загриженоста на Турција за својата безбедност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın