Zehra Ulucak
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
МЕЛБУРН
Во северниот дел на Австралија, во хотел во градот Дарвин изведен е вооружен напад во кој, според првичните проценки, животот го загубиле четири лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „AБС њуз“ (ABC News), вооружено лице со пушка отворило оган во еден хотел во подрачјето на Вулнер.
Oчевидец информираше дека нешто пред 18:00 часот по локално време, во хотелот влегол напаѓачот со пушка, и барајќи некого, отворил оган во секоја од собите во кои влегол, за подоцна да се качи во своето возило и да се оддалечи од местото на настанот.
Скот Морисон, премиерот на Австралија, во својата изјава за медиумите во врска со настанот информираше дека е приведено едно лице, додавајќи дека целиот настан нема терористичка заднина.
Морисон истакна „Ова е еден ужасен чин на насилство во кој животот го загубија четири лица. Според информациите што дојдоа до нас, не станува збор за терористички напад.“
Ли Морган, претставник на полицијата на Северната територија, за „Гвардијан Австралија“ (Guardian Australia) изјави дека по нападот приведен е еден 45-годишен маж.
Во соопштението што го објави Дирекцијата за здравство се вели дека во болница се наоѓаат двајца од ранетите во нападот, информирајќи дека нивната здравствена состојба е стабилна.
Полицијата ја истражува вистинската причина за нападот.