свет

Воздушни напади во Идлиб: Загинаа 3 лица

- Три цивили загинаа, а најмалку 7 цивили се повредени во воздушните напади извршени во Зоната за деескалација во Идлиб од страна на Русија, која е поддржувач на Башар Асадовиот режим во Сирија

Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 03.08.2020 - Обновена : 04.08.2020
Воздушни напади во Идлиб: Загинаа 3 лица

ИДЛИБ

Три цивили загинаа, а најмалку 7 цивили се повредени во воздушните напади извршени во Зоната за деескалација во Идлиб од страна на Русија, која е поддржувач на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според опсерваторијата за надледување на летови на авиони која и припаѓа на воената опозиција, воени авиони на Русија извршија воздушни напади врз населените места во рамки на границите на Зоната за деескалација во Идлиб.

Според информациите добиени од изворите на Цивилната заштита, во овие напади загинаа 3 цивили во подрачјето на Биниш.

Во соопштението се истакнува дека во воздушните напади се повредени најмалку 7 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın