Halit Süleyman
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку 61 лице загина, а 133 се ранети во воздушните напади кои не престануваат во последните 24 часа на подрачјето на сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите се изведуваат на подрачјата кои се под контрола на сириската опозиција.
Службеникот на цивилната заштита во Алепо Биберс Мишал за АА рече дека руските воени авиони го бомбардираа подрачјето Батеба на западот на Алепо. Користеа бомби со голема разорна моќ.
Според неговите зборови, во бомбардирањето се уништени 25 куќи, а екипите на цивилната заштита кои се натеренот работат на извлекувањето на цивилите кои останаа заробени под урнатините.
Мишал истакна дека во Батеба загинаа 19 цивили,а 50 се ранети.
„Болниците се полни со ранети луѓе по воздушните напади изведени на населбите на истокот на Алепо. На многу импровизирани болници итно им е потребна крв. Поради недостатоците од медицински потреби и лекови состојбата на пациентите е критична", појасни Мишал.
Локалниот активист во Алепо Ебу Јусуф потврди дека руските воени авиони и авионите на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад го бомбардираат Алепо со различни видови разорни бомби.
Јусуф истакна дека мета на воздушните напади се населби со цивили и дека хуманитарната ситуација на подрачјата под контрола на сириската опозиција се влошува од ден во ден.
„Во Алепо владее човечка драма и тоа никого не го интересира. Вакво нешто да се случува на Запад целиот свет би бил на нозе", порача Јусуф.