Ekip
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
МОСКВА (AA) - Руската регулаторна агенција за комуникации ја блокираше социјалната мрежа „ЛинкдИн", откако судот во таа земја минатата недела потврди дека работата на таа мрежа не е во склад со законот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рускиот закон предвидува сајтовите кои содржат лични податоци на граѓаните на Русија, да мораат да работат на руските сервери.
Федералната служба за надзор на комуникациите „Роскомандзор", која поднесе тужба против популарната мрежа, соопшти дека им наредила на операторите да го блокираат пристапот на „ЛинкдИн" на територијата на Русија.
Судот во Москва минатата недела ја отфрли жалбата на „ЛинкдИн" на пресудата дека оваа мрежа го прекршила законот во таа земја.
„ЛинкдИн" ја претставува првата и најголемата работна социјална мрежа, наменета на бизнис вмрежување на потенцијалните работодавачи со вработените.