Zehra Ulucak
29 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА
Во пакистанскиот град Сукур на железнички премин дошло до тешка железничка несреќа при судир на воз и автобус. Во несреќата животот го загубија 20 лица, а 60 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени во пакистанските медиуми, Џамил Ахмед, претставник на полицијата, информирал дека воз што се движел од Карачи кон Равалпинди на железнички премин во близина на станицата Рохри се судрил со автобус кој од Сукур се движел кон провинцијата Панџап.
Претставникот на полицијата соопштил дека автобусот во кој удрил возот се поделил на три дела, додавајќи дека во несреќата животот го загубиле најмалку 20 лица.
Повредените 60 лица се префрлени во болниците во Сукур и Рохри.