Zeynep Hilal Karyağdı
21 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
АДЕН (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека конфликтните страни во Јемен регрутирале 2.700 деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на профилот на Твитер на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен, завојуваните страни регрутирале 2.700 деца, и дека покрај тоа, две третини од јеменските девојчиња се омажени пред да наполнат 18 години.
Се истакнува дека децата се најмногу погодени од конфликтот во Јемен.
Во соопштението на УНИЦЕФ, објавено минатиот месец, беше наведено дека од 2015 година досега во Јемен загинале над 6.700 деца.