Emel Öz Gözellik
21 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Дваесет и шест лица го загубија својот живот поради поројните дождови кои ги зафатија централниот и југозападниот дел на Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Имран Закрун, генерален директор на Центарот за управување со катастрофи во покраината Белуџистан, во изјава за локалните медиуми истакна дека 450 семејства се погодени од поројните дождови, поради што во оваа покраина е прогласена вонредна состојба.
Закрун рече дека се спасени 50 лица кои биле заглавени во подрачјето на Пир Гот, и дека според првичните сознанија, три лица загинале во оваа покраина поради поплавите.
Заменик-гувернерот на Белуџистан, Шабир Ахмед Менгал, нагласи дека сите спасувачки и безбедносни тимови се мобилизирани, и дека се реализира операција за спасување на 200 семејства заглавени во селата.
Според соопштеното, во тек се и работите за отворање на затворените патишта, во кои се вклучени четири воени и еден цивилен хеликоптер.
Од друга страна, во покраините Пенџаб и Хајбер Пахтунхва, во поплавите и рушењето на покривите на куќите загинаа 23 лица. Во Хајбер Пахтунхва, во поплавите загинаа 14 лица, меѓу кои и деца, додека во Пенџаб, во рушењето на покривите на куќите загинаа 9 лица.