Yusuf Özcan
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) - Во текот на зимскиот период во Франција епидемијата на грип предизвикана од вирусот H3N2 одзеде 2.800 животи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Институтот за народно здравје при француското Министерство за здравство, во последните две недели 25.000 лица се појавиле во одделенијата за итни случаи во болниците, од кои 4.370 лица биле задржани во болница.
Во соопштението се вели дека поради епидемијата на грипот предизвикан од вирусот H3N2, низ земјата животот го загубиле 2.800 лица, од кои 87 отсто се лица на возраст над 75 години.
Се вели дека вакцините се 21 отсто ефективни против овој вирус.
Вирусот H3N2 во 2015 година предизвика смрт кај 18.000 лица.