Ömer Faruk Yıldız
22 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Владата на Шри Ланка, по терористичките напади ја продолжи за уште еден месец вонредната состојба во земјата, која беше воведена во април оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Овие мерки следуваа откако вчера најмалку 290 лица беа убиени, а 500 ранети во координираните напади низ земјата.
Претседателот Маитрипала Сирисена, наведувајќи ги причините за продолжувањето на вонредната состојба, изјави дека влијанието на терористичките напади сѐ уште е присутно меѓу граѓаните и дека е потребно да се преземат мерки против моменталната состојба.
Шест бомбаши самоубијци ги извршија нападите во Шри Ланка во кои загинаа 290 лица, додека повеќе од 500 се ранети.
Цел на бомбашките напади извршени на 21 април беа трите цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, трите луксузни хотели „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Седмата експлозија одекна кај Зоолошката градина кај Коломбо, а осмата во местото Дематогода на периферијата на Коломбо. Загинаа најмалку 290 лица, а повеќе од 500 се ранети.
Одговорнот за нападите презеде терористичката организација ДЕАШ.