Kasım İleri
19 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Сарах Сандерс, соопшти дека вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе биде одржан кон крајот на февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во Белата куќа се состана со заменикот на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја, Ким Џонг Чол.
„Претседателот Доналд Трамп со Ким Џонг Чол разговараше час и половина за денуклеаризацијата и за самитот кој ќе биде одржан кон крајот на февруари“, соопшти Сандерс.
Сандерс појасни дека местото на одржувањето на самитот ќе биде дополнително познато, а според нејзините зборови, американскиот претседател се радува на средбата со Ким.
Трамп и Ким Џонг Ун првпат се состанаа на 12 јуни мината година во Сингапур, а двајцата лидери тогаш постигнаа договор кој се однесува на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.