Ahmet Furkan Mercan
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
ТОКИО (АА) – Гувернерството на Токио го подигна нивото на предупредување за ширење на Ковид-19 од 3-то на 4-то ниво, по откриените 534 случаи во градот во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција, гувернерот Коике Јурико истакна дека вирусот најмногу се шири од рестораните и баровите и рече дека мерките треба да бидат целосно спроведени.
Наведувајќи дека се развиени „пет клучни реченици“ против вирусот, Коике рече: „Имаме пет мали клучни реченици: „мал број луѓе“, „кратко време“, „тивок глас“, „мала чинија“ и „мала порција“. Обрнете внимание на овие мерки и раширете ги овие слогани.“
Омагари Норио, директор на Центарот за контрола и превенција на болести во Токио, рече дека од минатата недела епидемијата започнала брзо да се шири.
Четвртото ниво на предупредување, кое не вклучува ограничување на работното време, има за цел да ја информира јавноста за ситуацијата со епидемијата.