Nuray Tunçay
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ПАРИЗ (AA) - Во текот на Европското фудбалско првенство кое од 10 јуди до 10 јули ќе се одржува во Франција, Ајфеловата кула во Париз секоја вечер ќе биде осветлена со боите на репрезентацијата која тој ден ќе биде најпопуларна на социјалната мрежа Твитер, јавува Anadolu Agency (AA).
Симболот на главниот француски град ќе биде во боите на репрезентацијата за која највеќе ќе се пишува на Твитер. Осветлувањетона Ајфеловата кула ќе трае 15 минути и тоа од свирежот кој иозначува крај на натпреварот.
Исто така, помеѓу првиот и вториот кат ќе биде поставена огромна кугла на која ќе бидат прикажани најпопуларните пораки на Твитер тој ден.