Ekipa
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ТУБАН (AA) - Земјотрес со јачина од 6.2 степени го потресе индонезискиот брег, на 234 километри оддачеленост од брегот на јужниот остров Ломбок, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации од Американскиот геолошки опсерваториум, потресот се случил на длабочина од 29 километри јужно од Праја, главниот град на островот Ломбок.
Ломбок се наоѓа на околу 25 километри од популарниот туристички центар, островот Бали.
Не е издадено предупредување за цунами, ниту информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Денешниот земјотрес следи по силниот земјотрес што се случи во средата рано наутро, што предизвика жителите на индонезискиот остров Малуку да истрчаат во паника на улица за време на оброкот пред започнувањето на целодневниот пост. Потресот предизвика само материјална штета.
Индонезиската метеоролошката агенција соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6.6 степени.
Индонезија лежи во рамките на пацифичкиот „Огнен прстен” каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат честа сеизмичка и вулканска активност.