Murad el-Ureyfi,Zeynep Hilal Karyağdı
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ТАИЗ (АА) - Во судирите меѓу провладините сили и Хусите во градот Таиз животот го загубија 46 лици, а 4 лица се повредени, јавува Anadoly Agency (AA).
Во соопштението на прес-центарот на провладините Народни единици на отпорот беше соопштено дека во подрачјето Назран во Таиз, во судирите кои избија меѓу Народните единици на отпорот и Хусите и поддржувачите на соборениот лидер Али Абдуллах Салих животот го загубија 40 лица, меѓу кои 15 припадници на единиците на отпорот.
Во судирите во подрачјето Макбене загинаа 6 припадници на движењето на Хусите, а 4 се повредени.
Од друга страна, беше соопштено дека коалициските сили предводени од Саудиска Арабија извршиле воздушни напади во подрачјето Раби врз позициите на Хусите.
Во нападите има жртви и повредени, но не е соопштено ништо во врска со нивниот број.
Јемен веќе подолго време е во состојба на политичка нестабилност поради вооружените судири меѓу провладините групи поддржани од коалициските сили предводени од Саудиска Арабија и припадниците на движењето на Хусите и поддржувачите на соборениот лидер Салих.
Се наведува дека досега во судирите животот го загубиле над 6.000 лица, додека околу 33.000 лица се повредени.