Furkan Naci Top
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АТИНА (АА) – Во Солун, Грција, во утринските часови запалени се автомобилите на двајца турски дипломати, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, утрово од страна на неидентификувани лица бил подметнат пожар во две паркирани возила, кои се наоѓале во различни делови на градот. Возилата биле во сопственост на турски дипломати.
Возилото со дипломатски регистарски таблички на аташето за трговија на Турција во Солун, Серкан Бурали, било запалено пред неговата куќа во центарот на градот.
Веднаш потоа, на оддалеченост од околу 1 километар, со поливање бензин било запалено возилото на Турчинка која работела во меѓународна организација во градот.
Пожарникарите интервенирале, но возилата веќе се во неупотреблива состојба. Од пожарот, исто така, биле оштетени голем број возила што се наоѓале во околината. Повредени нема.
Грчката служба за безбедност и противпожарните единици започнаа истрага за инцидентот.