Vesna Besiç
10 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
СТОКХОЛМ (AA) - Во Концертната куќа во Стокхолм доделени се Нобеловите награди за 2019 година. Церемонијата помина со бојкот на Хрватска, Босна и Херцеговина, како и Албанија, Турција и Косово, поради книжевникот Петер Хандке, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овогодинашниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, австрискиот книжевник Хандке, познат е поконтроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.
На доделувањето на Нобеловата награда од областа на физиката, медицината, хемијата, книжевноста и економијата присуствуваа бројни членови на шведското кралско семејство, како и бројни поканети гости. Добитниците на наградите се објавени во септември, а вечерва наградите им ги врачи шведскиот крал Карл Густав.
Добитниците на Нобеловата награда се наградени со диплома, Нобелов медал и награда од 9 милиони шведски круни (околу 900.00 евра).
Нобеловата награда во областа на физиката добија Џејмс Пеблес, Мишел Мајор и Дидер Куелоз, во областа на хемијата Џон Б. Гуденог, М. Стенли Витингем и Акира Јошино, во областа на медицината Вилјен Г.Келин Јр, Грег Л. Семенса и Петер Ј. Ратклиф, и во областа на економијата Абхиџит Банерје, Естер Дуфло и Мишел Кремер.