свет

Во северен Ирак неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во координација со операцијата „Канџа“, реализирана е воздушна операција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак

Burcu Çalık  | 20.07.2019 - Обновена : 21.07.2019
Во северен Ирак неутрализирани тројца терористи

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа тројца терористи во рамките на воздушната операција реализирана во Метина, во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер, во координација со операцијата „Канџа“, реализирана е воздушна операција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.

Во рамки на операцијата погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје, а неутрализирани се и тројца терористи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.