Ekip
25 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во двоен самоубиствен напад во центарот на Ал Сувејде во Сирија загинаа околу 150 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Прорежимската Сириска новинска агенција САНА јавува дека станува збор за самоубиствени бомбашки напади што ги извршиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
Една од експлозиите се случи на пазар, а друга на улица во непосредна близина, исто така, во центарот на градот.
Центарот на градот го контролираат припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, а периферијата припадниците на терористичката организација ДЕАШ.