Mücahit Oktay
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Стапката на напади врз еврејски, будистички, христијански и муслимански места за богослужба во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми во 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на веб-страницата „Аксиос“ се наведува дека оваа година инцидентите како што се вандализам од високи размери и подметнати пожари се случиле на различни места за богослужба, од еврејски синагоги до будистички храмови, од католички цркви па сè до муслимански џамии.
Според добиените податоците, 2021 година е на пат да постави рекорд за злосторства од омраза во САД. Повеќето од нападите се поврзани со верски фанатизам.
Во веста, во која се споделени ажурираните податоци на Федералното биро за истраги (ФБИ) објавени вчера, се нагласува дека бројот на злосторства од омраза во 2020 година е на највисоко ниво по исламофобичниот бран што се доживеа по нападите на 11 септември во 2001 година.
- Откривањето на детски гробници ги зголеми нападите на црквите -
Конференцијата на католички бискупи на САД минатата недела соопшти дека се регистрирани 100 дела на омраза против католичките установи во САД од мај 2020 година.
Нагласено е дека повеќе од десетина подметнати пожари во цркви се случиле откако биле пронајдени масовни гробници во католичките црковни училишта на почетокот на летото во Канада.
Меѓу другото, се нагласува дека злосторства од омраза предизвикуваат и политиките кои се водат низ светот и одредени вести во медиумите.