Elena Teslova
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
МОСКВА
За првпат во две недели, во Русија бројот на заразени во текот на еден ден изнесува помалку од 10.000, при што вкупниот број на потврдени случаи на заразување се искачи над четврт милион, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци објавени од рускиот Тим за итни случаи, во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 9.974 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 252.245.
Во текот на истиот период, 93 лица починаа, при што бројот на починати од последиците на вирусот се искачи на 2.305.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 во Русија изнесува 53.530, при што само од вчера се оздравени 5.527 лица.
Во земјата до денеска се направени 6,1 милион тестови во обид да се открие вирусот во рана фаза.
И покрај прилично острите мерки кои вклучуваат затворање на главниот град Москва, забрана за влез на странци и суспендирање на меѓународниот воздушен сообраќај, Русија е моментално втора земја во светот која е најмногу погодена од Ковид-19.
Петмина руски официјални претставници во изминатите две недели, вклучувајќи ги и премиерот Михаил Мишустин и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, беа хоспитализирани поради вирусот.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 297.250 луѓе во светот, над 4,36 милиони се заразени, додека излекувани се 1,55 милион, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.