Elena Teslova
06 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
МОСКВА
Во Русија е забележан нов рекорден број смртни случаи во еден ден, а починаа 737 лица заразени со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно во оваа земја од последиците на Ковид-19 починаа 139.316 лица.
Во изминатите 24 часа се забележани 23.378 нови случаи на заразување, при што вкупниот број на заразени во Русија изнесува повеќе од 5,65 милиони, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 417.504.
Москва е најмногу погодено подрачје, а официјалните лица потврдија дека влошувањето на епидемиолошката ситуација е последица од ширењето на варијантата на коронавирусот Делта.
Во Русија, со цел запирање на ширењето на вирусот, се воведени повеќе мерки, меѓу останатото задолжителна изолација и ПЦР-тестови за лицата со симптоми слични на грип.
Истовремено, руските власти ги јакнат здравствените капацитети за пациентите со Ковид-19 за да ја спречат потенцијалната криза во здравствениот систем.