Murat Ünlü
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Во пожар што избувна во пристаништето Сен Мало, во североисточниот дел на Франција, уништени се 22 бротчиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Пристанишниот град Сен Мало е една од омилените француски дестинации за туристите кои доаѓаат во посета на оваа земја.
Пожарот избувна на еден брод, а потоа се прошири и на останатите кои се наоѓале во близина.
И покрај брзата интервенција на пожарникарите, ветерот придонесе за брзо ширење на пожарот, при што, во рок од половина час изгореа 22 бротчиња.
Во пристаништето се наоѓаат околу 1.200 брода, а еден дел од пристаништето претрпе материјална штета во пожарот.
Од метеоролошкиот завод беше прогласен портокалов метеоаларм во 22 подрачја во Франција поради најавеното силно невреме.