Atila Altuntaş
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Доцна синоќа, во главниот град на Шведска, Стокхолм, изби пожар во џамијата на Имамот Али, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на противпожарната служба во Стокхолм, Тобиас Акесон, за државната телевизија СВТ изјави дека пожарот избил синоќа по полноќ, во џамијата што се наоѓа во квартот Џарфала.
Претставникот на локалната исламска заедница, Акил Захири, изјави дека пожарот предизвикал голема материјална штета и дека објектот е во нефункционална состојба.
Во тек е истрагата за причината за пожарот, а Захири изјави дека во пожарот изгорела и библиотека со повеќе од 3.000 книги.