Can Efesoy
03 Април 2025•Ажурирај: 04 Април 2025
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан синоќа во Париз се сретна со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро, со кој разговараше за билатерални и регионални прашања, јавува Анадолу.
Дипломатски извори за Анадолу изјавија дека Фидан и Баро опширно разговарале за повеќе прашања, при што шефот на турската дипломатија ја истакнал важноста од зголемување на координацијата со земјите кои не се членки на Европската унија во обликувањето на новата европска безбедносна архитектура.
Тој, исто така, изразил очекување на Туркије дека Франција ќе го поддржи отстранувањето на вештачките пречки што ги попречуваат односите Туркије-ЕУ и дека ЕУ ќе преземе конкретни чекори во таа насока. На средбата станало збор и за ажурирањето на Царинската унија Туркије-ЕУ од 1995 година.
Фидан ја повторил поддршката на турските дипломатски напори за ставањето крај на руско-украинската војна и ја истакнал важноста од блиска соработка меѓу сите сојузници на НАТО во овој процес.
Тој нагласиl дека за да биде остварливо, секое потенцијално решение мора да има согласност од двете страни.
Во врска со Сирија, министерот Фидан укажал на потребата од засилен ангажман со новата администрација на земјата и повикал на поддршка за укинување на санкциите со цел да ѝ се помогне на сириската администрација во обновување на мирот и стабилноста.
Тој ги пренел очекувањата на Туркије во однос на соработката во одбранбената индустрија и ја истакнал важноста на борбата против терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Фидан, исто така, рекол дека странските терористички борци на ДЕАШ кои се притворени во затвори и кампови во северна Сирија треба да се вратат во нивните матични земји.
Турскиот министер предупредил дека зголемените напади од страна на Израел можат да доведат до регионална нестабилност и го повтори противењето на Туркије на какво било принудно раселување на Палестинците од сопствената татковина.
Тој ја потврдил поддршката на Туркије за планот за Газа усвоен од Арапската лига и додал дека попречувањето на израелската хуманитарна помош за Газа ја влошува хуманитарната криза.
Тој ја истакнал клучната важност на обезбедувањето непречена испорака на помош во Газа.
За време на разговорот меѓу Фидан и Баро станало збор и за напорите за воспоставување мир и стабилност на Кавказ.