Safiye Karabacak
01 Декември 2023•Ажурирај: 01 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Во новите воздушни напади на израелската војска врз Појасот Газа убиени се петмина Палестинци, известува Анадолу.
Еден Палестинец е убиен, а четворица се ранети во израелскиот напад на куќа во бегалскиот камп Ал-Мегази, во централниот дел на Појасот Газа.
Во нападот на израелската војска на куќа во центарот на градот Рафа, на југот од Појасот Газа, убиени се четири лица, а голем број се ранети.
Загинатите и повредените се пренесени во болницата Абу Јусур ен-Наџар.
Судири настанаа и меѓу израелските сили и палестинските групи и околу болниците Ан-Наср и Рантиси во округот Ан-Наср, во северозападниот дел на градот Газа.
Ова утро заврши хуманитарната пауза што во рамките на договорот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 24 ноември, петок.
По завршувањето на хуманитарната пауза, израелските воени авиони започнаа да бомбардираат разни делови на Појасот Газа.