Zeynep Tüfekçi Gülay
01 Декември 2023•Ажурирај: 02 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската војска уби уште еден новинар утринава во продолжение на нападите врз Појасот Газа по завршувањето на „хуманитарната пауза“, јавува Анадолу.
Камерманот на телевизијата Ал Акса, Абдула Дервиш, загина во напад извршен од израелски авиони во регионот по завршувањето на „хуманитарната пауза“ во Газа, објави преку Телеграм Канцеларијата за медиуми на палестинската управа.
Во соопштението се наведува дека Израел сака да ги прикрие фактите гаѓајќи ги новинарите, обидувајќи се да ги заплаши и спречи во извршувањето на нивните должности, а бројот на убиени новинари во Газа од 7 октомври досега се искачи на 71.
Утринава заврши „хуманитарната пауза“, која стапи на сила во петокот на 24 ноември, како дел од договорот меѓу Израел и Хамас. Потоа Израел почна веднаш со бомбардирање на неколку локации во Појасот Газа, што резултираше со смртни случаи и повредени.