Ikrame Imane Kouachi
01 Декември 2023•Ажурирај: 02 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Хуманитарната пауза што стапи на сила во Појасот Газа минатата недела „не беше од корист за здравствениот систем“, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу.
„Израел изврши нови масакри во Појасот Газа веднаш по завршувањето на хуманитарната пауза“, изјави портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра.
Тој потврди дека има многу загинати и повредени Палестинци.
Ал Кудра додаде дека на сите болници во Појасот Газа им е потребен постојан проток на медицински материјали и гориво.
Хуманитарната пауза меѓу Израел и Хамас, која стапи на сила на 24 ноември, заврши утринава.
Израелските напади врз Појасот Газа продолжија веднаш по завршувањето на хуманитарната пауза, јави новинарот на Анадолу од терен.
Судирите меѓу израелските сили и палестинските групи на отпорот се во тек и во северниот и во централниот дел на Појасот Газа.