Во нова операција на авганистанските сили убиени 75 милитанти
„Во воздушните и копнените операции во изминатите 24 часа ранети се 20 милитанти во покраините Нангархар, Каписа, Парван, Газни, Кандахар, Урузган, Баџес, Фарах, Балх, Џаузџан, Тахар и Хелманд“Shadi Khan Saif
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
КАБУЛ (АА) - Авганистанските безбедносни сили денеска соопштија дека убиле 75 милитанти во рамките на новите антитерористички операции во периодот на мировните преговори со талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во воздушните и копнените операции во изминатите 24 часа ранети се 20 милитанти во покраините Нангархар, Каписа, Парван, Газни, Кандахар, Урузган, Баџес, Фарах, Балх, Џаузџан, Тахар и Хелманд“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Не беа дадени информации за евентуални жртви од страна на безбедносните сили.
Нападите се случуваат во период на одвивање на мировни преговори со талибанците во земјата, кои одбиваат да остварат средби и да ја признаат Владата со седиште во главниот град Кабул.