Zeynep Hilal Karyağdı,İbrahim Salih
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
БАГДАД (AA) - Најмалку 11 лица смртно страдаа, а 34 се ранети во нападите изведени во ирачката престолнина Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеник од полицијата во Багдад Јасир ел-Мустафа за АА изјави дека на една зграда во Ебу Гурејб, во делот на Багдад, изведен е напад со помош на минофрлач и дека во таа прилика загинале три, а ранети се девет лица.
Најмалку две лица, според неговите зборови, загинаа во експлозија која се случи со активирање на експлозивна направа монтирана на патот.
Уште едно лице загина во активирање на автомобил-бомба во местото Ел-Беледијат.
Ирачките функционери тврдат дека зад нападите стои терористичката организација ДАЕШ и другите групи кои делуваат со нив.