Betül Yürük,Meltem Bulur
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, вчера во текот на обраќањето на Глобалниот политички институт (GPI) во Њујорк изјави дека во светот сѐ повеќе се присутни закани како што се ксенофобијата и исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Особена закана денес, за жал, претставуваат растечкиот расизам, ксенофобијата, исламофобијата, антисемитизмот, антихристијанизмот, антихристијанските трендови, непријателството кон мигрантите, како и непријателството кон сѐ што е поразлично. Гледаме дека политичарите и партиите од центарот, кои не можеа да ја задржат силата, сѐ повеќе подлегнуваат на популизмот“, рече Чавушоглу.
Предупреди дека и медиумите во Европа, во последно време, во потполност подлегнаа на популизмот и на антимигрантските ставови.
Исто така, тој истакна дека во Сирија, земја во која се војува, дневно гинат и до 300 невини лица.
„Дневно загинуваат 200-300 лица. Светот толку се навикна на убиствата на 300 луѓе, што веќе ниту обрнува внимание“, рече Чавушоглу.
На крајот од своето обраќање, Чавушоглу се осврна и на обидот за државен удар во Турција на 15 јули, напоменуваји дека одредени челници во светот не сакаа да сфатат што се случило.
„Многу наши пријатели, пријатели во Европа, вклучувајќи ги и САД, не можеа да го сфатат обидот за државен удар. Имаше и такви што тоа не сакаа да го разберат. Затоа е важно да се направи сѐ што е потребно за ваквите обиди за државен удар веќе да не се случуваат“, рече Чавушоглу во текот на своето обраќање на присутните.