21 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
АБУЏА
Во нигерискиот главен град Абуџа се сруши авион во кој се наоѓаа војници, при што загинаа шест војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА, воениот авион кој полета од аеродромот „Намди Азикве" во Абуџа, се сруши во близина на аеродромот поради се уште непознати причини.
Како резултат на оваа несреќа, животот го загубиле 6 војници.
Противпожарните служби се упатија на местото на несреќата, кои продолжуваат со гасење на пожарот кој избувна поради несреќата.
„Воениот авион „Кинг ер" се сруши веднаш пред нашата писта во Абуџа. Изгледа смртоносно. Сите треба да останеме смирени и треба да го чекаме резултатот на истрагата на војската“, напиша на Твитер министерот за авијација на Нигерија, Хади Сирика.