Ali Cura
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Бројот на приведени лица во немирите во Казахстан се искачи на 5.135 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за внатрешни работи на Казахстан преку соопштение даде информации во врска со приведените лица за време на операциите во земјата.
Во соопштението се вели дека досега се приведени 5.135 лица, додека над 1.300 припадници на безбедносните сили се повредени за време на одржувањето на уставниот поредок и јавниот ред за време на протестите во земјата.
Според соопштеното, 300 лица биле приведени додека се обидувале да ја преминат границата пешки или со возило, а носеле украдени материјали, како огнени оружја и мобилни телефони, а и голема сума пари.
„Моментално продолжуваат операциите за борба против тероризмот со цел осигурување на редот во земјата. Денес во сите подрачја во земјата ситуацијата е стабилизирана. Ослободени се сите згради на локалната власт чија контрола претходно беше преземена“, се вели во соопштението.