Kemal Karadağ,Merve Yıldızalp
09 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Избувна пожар во кампот во кој престојуваат муслиманите кои избегаа од притисоците и суровоста во мјанмарската област Аракан и се засолнија во Бангладеш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, од сѐ уште непознати причини избувнал пожар во кампот број 16, каде што престојуваат околу 21.000 аракански муслимани.
Се врши интервенција за гасење на пожарот во зоната каде што турските агенции ТИКА и АФАД доделуваа помош и обезбедија куќи од бамбус за засолнување на муслиманите.
Меѓу другото, на снимките објавени на социјалните мрежи се забележува дека пожарот многу брзо се ширел.
Досега не се пријавени можни жртви во пожарот.