Ayşe İrem Tiryaki
26 Мај 2024•Ажурирај: 28 Мај 2024
ОКЛАХОМА СИТИ (АА) - Пет лица загинаа во невремето што ја погоди американската сојузна држава Тексас, јавува Анадолу.
Шерифот на округот Кук во Тексас, Реј Сапингтон, рече дека три од петте загинати лица биле членови на исто семејство.
Тој истакна дека како последица на невремето повредени се голем број луѓе.
Во тек се операции за пребарување и спасување.
Сапингтон рече дека постои загриженост дека бројот на загинати ќе се зголеми.
Властите наведоа и дека има оштетувања на далноводи и домови.